Услови за користење сајт/онлајн сервиси
1. ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје посветува големо внимание на заштитата и сигурноста на личните податоци на потрошувачите. Личните податоци, како што се име, адреса, телефонски број, адреса на e-пошта на потрошувачите се чуваат во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци.
ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје ги превзема сите пропишани технички и организациони мерки за заштита на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.
ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје е отворена по барање да Ве извести кои Ваши лични податоци ги обработува и да ги ажурира истите.
2. Со користење на веб-сајтот и електронското банкарство се признаваат условите за користење во својата сегашната верзија. ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје го задржува правото во секое време да ги измени овие услови.
3. ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје ќе настојува веб-сајтот да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Неизбежните прекини, особено што се однесуваат на сервис и одржување, доколку е можно, ќе бидат објавени на веб-сајтот. За недостапноста на веб-сајтот ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје не прифаќа никаква одговорност. Не постои законско право на користење или одржување на веб-сајтот. ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје го задржува правото во секое време да промени, ограничи или укине одделни функции на веб-сајтот.
4. За да се користи услугата електронско банкарство, потрошувачот на ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје е должен да се регистрира со вистинити и точни податоци. Корисникот ја користи услугата на сопствена одговорност. ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје не презема одговорност за можните штети кои корисникот на услугата евентуално би ги претрпел за време на користењето на услугата или поради недостапност на услугата во одредени периоди.
5. За регистрирање за користење на услугата електронско банкарство неопходно се следниве податоци:
- Име и Презиме
- Адреса на имот
- Шифра на потрошувач наведена на фактурата
- Избрано корисничко име (најмалку 5 позиции од букви и бројки)
- Избрана лозинка
- Валидна е-пошта
- Телефонски број
Податоците за шифра на потрошувач може да се најдат на фактурите од ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје.
6.За користење на услугата електронско банкарство, потрошувачот е должен да постапи согласно упатството за користење на електронското банкарство, обајвено на web страната.
7. ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје го задржува правото без претходна најава и известување да го ограничи или да го укине пристапот до услугата на одреден корисник, доколку тој ја користи услугата на недозволен начин или со невистинити податоци. Ова важи особено доколку:
- постои основано сомневање дека корисничките податоци за регистрација се невистинити
- постои основано сомневање дека онлајн услугите се користат за да се изврши измама,
- постои основано сомневање дека трети лица добиле пристап до корисничкото име и лозинката.
Доколку корисникот се посомнева во неавторизирано користење на неговото корисничко име, тој е должен веднаш да го извести Центарот за грижа на корисници на ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје на телефонскиот број +389 (0)2 30 76 200
8. Користењето на онлајн услугите е бесплатно. Провизијата за плаќање на фактурите е на товар на ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје.
9. Документите понудени на web страницата и нивната содржина не смеат да се менуваат, умножуваат, дополнуваат или на некој друг начин да се употребат без предтходна добиена писмена дозвола од ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје.